Сите ние си имаме свој социјален круг на пријатели и познаници и најчесто тое ни се луѓе со блиски/слични ставови и гледишта. На ЦНА Тренингот запонав луѓе со дијаметрално спротивни ставови и гледишта (но и слични нормално). Но и покрај се комуникацијата беше изненадувачки одлична! Бидејќи лично сум многу љубопитен и екстровертен просто уживав во запознавање на толку многу различни луѓе со огромен дијапозон на гледишта и ставови преку одличните сесии и сето тоа зачинето со многу дружење и уште повеќе хумор и надвор од сесиите. Тоа што ми се допаѓа на вакви тренинзи е тоа што има што многу да се научи и во формалниот и неформалнит дел и дружењето понекогаш и со луѓе од земји од кои ретко имаме контакти и познати.
Ако некогаш од ЦНА ве поканата на тренинг ТРЧАЈТЕ да ја потполните пријава и да се надевате да ве изберат зашто конкуренцијата е жестока. Со себе носете само отворен ум и желба за дружење и нема да зажалите!