Во однос на моето искуство на тренингот за мир во Улцињ во 2019 година можам да кажам дека со себе понесов еден тон ново-научени нешта, спомени, нови перспективи, нови и добри луѓе.
Нема никогаш да го заборавам жарот со кој предавачите ни ги пренесуваа своите знаења, искуства и вежби ни ги пренесуваа. Не научив, туку се потсетив дека сите луѓе носат со себе различна приказна, различен товар, куфер и дека од секого можеме нешто да научиме, а при тоа тоа истото да го примениме и во пракса, т.е. во секојдневниот живот.
Овој тренинг го препорачувам на сите луѓе кои се спремни, или можеби не доволно спремни да надминат некои бариери (национални, религиски, сексуални, патријархални). Го препорачувам бидејќи нема никогаш да заборавам колку длабоко навлеговме (како теоретски, толку и преку вежбите) во коренот на дискриминација, предрасудите, стереотипите. Зошто и од каде нашиот мозок низ годините станува еден мускул да предодредува и обојува некого поради одредени карактеристики. Прекрасно искуство!