Моето најголемо искуство е тоа што се стекнав со знаења и вештини кои можам да ги искористам во иднина на професионален план и во секојдневниот живот. Запознавањето и дружењето со луѓе од регионот ни помогна на сите да срушиме некои предрасуди и стереотипи и да оствариме одлична комуникација. Изградбата на мир е долготраен процес но тимот на ЦНА професионално и посветено работи над тоа и придонесува учесниците на тренинзите да се вклучат активно во процесот на изградба на мир.
Би го препорачал овој стренинг секому без разлика на возрасната граница, полот, националноста или религија. Искуството со кое ќе се стекнете на овој тренинг ќе ви ги прошири видиците и ќе ви помогне да се стекнете со вистински пријатели од регионот. Моето искуство од тренингот е тешко да се раскаже затоа препорачувам да се доживее. Се надевам дека ќе имам можност да посетам и некои други тренинзи во организација на тимот на ЦНА па ќе имам што да раскажам и за тие тренинзи.